Index


-Побарувања од купувачи. Обично се финансират до 90% од побарувањата на кредитоспособните фирми. Притоа кредиторот, најчесто банка, проверува кои побарувања се квалитетни и погодни за ваков тип на кредитирање. Поинаку кажано, банката како гаранција ги прифаќа побарувањата од купувачите и врз основа на нив одобрува кредит. Сличен начина на ова финансирање е факторингот кој во сушност претставува откуп на побарувања по дисконтирани цени.
-Залихи. Залихите може да послужат како обезбедување на кредитот доколку се работи за стока која може лесно да се продаде. Најчесто се финансира до 50% од готовите производи на залиха.
-Опрема. Опремата вообичаено се финансира за период од 3 до 10 години. Завсно од типот на опремата се финансира во висина од 50% до 80%. Лизингот е друга форма на финансирање на набавка на опрема каде што фирмата не ја презема сопственоста на опремата.
- Недвижности. Хипотекарните кредити се доста често користено сретство за финансирање а и се лесно достапни. Со кредитот се обезбедуваат средства и до 85% од вредноста на објектот или земјиштето.
- Жиранти. Фирмте се во можност да обезбедат кредит доколку и друга фирма или лице гарантира за отплата на кредитот со сопствен имот или сретства.
- Акредитив. Фирмите може да обезбедат и акредитив или банкарска гаранција доколку набавуваат роба на места каде што немаат контакти со локалните банки.
- Државни гаранции. Одредени државни агенции и институции може да гарантираат за кредитите на фирмите кога тие не се во состојба самите да обезедат соодветни гаранции.