Успехот на проектот, во смисла на обезбедување на финансиските средства, негово успешно имплементирање и понатамошно фукционирање во голема мерка зависи од носителот на проектот.
Поради тоа, како носител на ваквиот проект најдобро би било да се појави соодветно граѓанско здружение од областа на занаетчиството. Граѓанското здржение, ностел на проектот е од големо значење поради две причини. Првата причина е поради тоа што грантовите за вакви проекти, според правилата на фондовите, се доделуваат на граѓански здруженија кои зад себе имаат одредени искуства и успешни проекти во соодветната област. Втората причина се однесува на капацитетите и интересот на здружението да го води и развива проектот и по неговото целосно имплементирање.
Граѓанското здружение ќе мора да ја преземе одговорноста за одржување на проектот на дол рок што подразбира финансирање, ажурирање и развивање на WEB страниците. Друга значајна улога на Граѓанското здружение ќе биде да ја одигра улогата на посредник и фасилитатор помеѓу странските купувачи и производителите на ракотворби.
3. Проектен тим
За успешно имплементирање на проектот ќе се формира проектен тим од три члена. Тимот ќе го сочинуваат; проект менаџер, WEB дизајнер, и WEB промотер. Работата на тимот ќе ја надгледува (контролира) супервизор. Супервизорот ќе се грижи за напредувањето на пректот и за правлна алокација на финансиските средства. Од тие причини супервизорот потребно да биде претседател на здружението или евентуално член на управниот одбор.
Проект менаџерот ќе биде одговорен за планирање, организирање и координација на активностите поврзани со имплементација на проектот. Исто така проект менаџерот ќе преземе и голем дел од оперативните активности. Меѓу најважните активности ги вбројуваме: Воспоставување на контакти и договарање на средби и посети, прибирање на фактогравски материјал на терен, негова класификација и обработка, насочување на работата на WEB дизајнерот и WEB промотерот, дистрибуција на печатениот материјал итн.
WEB дизајнерот ќе биде одговорен за изработка на графичкиот дизајн и функционалноста на WEB страниците. Исто така тој ќе биде одговорен за графичка подготовка на печатените материјали.
Откакао ќе биде завршена изработката на WEB страниците, WEB промотерот ќе ја преземе задачата за on-line промоција. Тој ќе биде одговорен за бесплатното и платеното on-line рекламирање.
Поддршката од страна на членовите на тимот ќе биде од огромно значење и после целосната имплементација на проектот. Таквата поддршка мора однапред да се договори и таа треба д биде базирана на волонтерски односи.
4. Опис на проектот
Анализирајќи ги состојбите во занаетчиството во Македонија, дојдовме до заклучок дека е потребен еден проект од поширок обем кој што ќе помогне во афирмацијата и развојот на занаетчиството во нашата држава. И покрај тоа што постојат одредени иницијативи и активности во таа област сметаме дека секој дополнителен проект може да биде од извонредно значење како за самите занаетчии така и за целата држава.
Како што говори и самото име на проектот, тој е насочен кон промоција на Македонските ракотворби. Промоција на наштите ракотворби е потребна и на домашниот пазар, но се разбира поголемо е значењето за промоција на светскиот пазар. Кога говориме за светски пазар мислиме на целиот свет без исклучок, но сепак промоцијата ќе биде фокусирана на вискоразвиените земји.
Главен медиум преку кој што ќе се врши промоцијата е Интернет. Моќта на Интернетот е во сушнот основната претпоставка а воедно и поттик за реализирање на еден вака навидум преамбициозен проект. Имено денес нема земја во светот каде што не постои пристап до Интернет а ширум светот има преку 605 милиони корисници . Исто така бројот на нови корисници на интернет расте со огромна брзина. Што се однесува на светот на бизнисот, Интернетот се повеќе станува потребна и неизбежна алатка а воедно и огромен и неисцрплив ресурс. Оние фирми кои што го игнорираат тој факт го губат чекорот со конкуренцијата.